Како 3Д принтери за време на настава може да ги подготват младите за светот кој ги очекува?

- Advertisement -

Сѐ повеќе универзитети започнуваат да воведуваат иновации во наставата и наставната програма, особено за онаа поврзана со компјутерски науки, со цел да ги подготви подобро за колеџ. Најновиот тренд вклучува 3Д принтери уште од првите две години во средно училиште со цел од самиот старт да ги насочува кон најпросперитетните професии: дизајн или пак програмирање.

Извор – Mедиа Бреинстер, веб сајт на Некст Колеџ

- Advertisement -

Што всушност значи 3Д печатење?

3Д печатење е производствен процес преку кој компјутерски генерираните 3Д модели се трансформираат во физички објекти преку печатење со слоеви.

Тоа значи дека еден предмет се оформува преку редење еден врз друг слој се додека не се добие готов три-димензионален предмет. Главниот материјал за 3D печатење што се користи е најчесто пластика.https://www.youtube.com/embed/LpaFEeIvwac?feature=oembed

- Advertisement -

Добрата вест е што достапните опции за тоа што можеш да испечатиш се неограничени. Со право 3Д принтерите се користат во многу индустрии, а една од нив е токму образованието. 

Секако, и оваа иновација си доаѓа со свои добри и лоши страни (иако добрите несомнено преовладуваат и веќе прават целосна трансформација во образованието).

- Advertisement -

Кои се позитивните и негативните страни од користењето 3Д принтер во училиште?

3Д-принтер
Извор: https://ugc.futurelearn.com/

1. Изразување на креативноста

Користењето на 3Д печатач за училиштата може да ја поттикне креативноста и фантазијата на учениците. 3Д печатењето бара од нив да го дизајнираат предметот што сакаат да го испечатат. 

Со оглед на тоа дека достапните опции за она што може да се дизајнира се речиси неограничени, можноста да видиш опиплив доказ за она што го имаш создадено е бесценета.

2. Подобрување на комуникацијата и соработката

Учењето нова вештина и споделувањето креативни идеи води до посилни комуникациски вештини. 

Одличните комуникациски вештини се секогаш добредојдени кога учениците учат како да користат 3Д печатачи, да даваат инструкции на членовите од тимот во врска со дизајнот и ефективно да ги комуницираат своите идеи.

3. Критично размислување

Иако 3Д печатењето е уметност, овде има и малку наука. Разбирањето како функционираат овие принтери, на кој начин дигиталните дизајни ќе се претворат во физички објекти и решавањето проблеми кога работите ќе тргнат наопаку бараат вештини за критичко размислување. 

Колку порано учениците ги совладаат овие вештини, толку полесно ќе се снајдат во процесот.

4. Размислување од дизајн перспектива

Не мора да си дизајнер за да размислуваш креативно. Голем дел од процесот на 3Д печатење е фокусиран на дизајнот, а студентите кои се обидуваат креативно да ја гледаат секоја ситуација, ќе се снајдат многу полесно во процесот.

3Д-принтер
Извор: https://www.lulzbot.com/

5. Брзо и евтино печатење

3Д печатењето е релативно брзо бидејќи само за неколку часа можеш да добиеш готов производ. Дополнително, печатењето е и ефтино и побрзо, бидејќи можеш за неколку часа да дизајнираш производ и да го имаш веќе во раце. 

6. Еколошки начин на производство

Бидејќи 3Д технологијата го намалува количеството на материјал и гориво што се користи, овој процес е целосно еколошки. Ова е уште еден одличен начин како идните генерации можат да придонесат за зачувување на животната средина.

Кои се негативните страни на 3Д печатењето?

3Д-принтер
Извор: https://www.dhl.com/

1. Ограничување со материјали

Да, 3Д печатењето може да создаде предмети со материјали на пластика и метали, но не сите материјали можат да се контролираат со температура за да се овозможи 3Д печатење. 

Дополнително, многу од овие материјали за 3Д печатење не можат да се рециклираат и не се безбедни ако планираш да складираш во нив храна. 

2. Произведување само на помали предмети

Засега, 3Д печатачите имаат мали комори за печатење што значи дека големината на предметите што се печатат е ограничена. 

Ако сакаш да испечатиш поголем предмет, треба најправин да го печатиш во посебни делови и потоа да го споиш рачно.

3Д-принтер
Извор: https://airwolf3d.com/

3. Губење на работни места во производството

Со експанзија на 3Д технологијата, може да очекуваме потенцијалното намалување на човечкиот труд, бидејќи поголемиот дел од производството ќе биде автоматизирано и направено од самите 3Д печатачи, без потреба од човечка интервенција.

4. Грешки во дизајн

Финалниот предмет можеби ќе се разликува од оригиналниот дизајн. Ова најчесто зависи од типот на машината или процесот што се користи  за печатење. 

Да, ова може да се поправи по печатењето, но имај на ум дека тоа дополнително ќе ги зголеми времето и трошоците за производство.

5. Проблеми со авторските права

Како што 3Д печатењето станува се попопуларно и достапно во образованието, постои поголема можност од создавање лажни и фалсификувани производи што ќе направат да биде речиси невозможно да се направи разлика помеѓу вистинскиот производ и оној што е испечатен преку 3Д. 

Ова ќе придонесе до очигледни проблеми околу авторските права, и конфузија во контрола на квалитетот на производите.

Како 3Д принтерите ги припремаат учениците за да бидат успешни кога ќе се запишатт факултет, прочитај на овој линк: https://www.gatesnotes.com/Education/My-visit-to-the-Academy-for-Software-Engineering

Сподели!
- Advertisement -