На пазарот пристигнува синтетичко млеко – не е ни кравјо, ни растително

- Advertisement -

Глобалната млечна индустрија се менува. Конкуренцијата од алтернативната храна која не е произведена од животни, како што е синтетичкото млеко, е се поголема и носи нови предизвици.

За синтетичко млеко не се потребни крави или други животни. Може да има ист биохемиски состав како и животинското млеко, но се прави со користење на нови биотехнолошки техники познати како прецизна ферментација, која произведува биомаса од клетки, се вели во написот за The Conversation.

- Advertisement -

Над 80% од светската популација редовно консумира млечни производи, но се погласни се апелите храната од животинско потекло да се замени со некоја друга храна. Синтетичкото млеко нуди производ без грижа дека ќе има емисија на метан или да се грижиме за доброто на животните. Иако звучи добро, мора да се надминат уште многу предизвици и замки за да стане рамноправна и одржлива алтернатива на млекото од животинско потекло.

За разлика од синтетичкото месо, кое тешко може да се усогласи со сложеноста и текстурата на животинското месо, научниците велат дека синтетичкото млеко се рекламира како да има ист вкус, изглед и дека предизвикува исто чувство кога се пие како нормалното млеко.

- Advertisement -

Синтетиќкото млеко не е научна фантастика – веќе постои. Во САД, на пример, компанијата Perfect Day испорачува протеини без животинско потекло направени од микрофлора, кои потоа се користат за правење сладолед, протеински прав и мелко. Во Австралија, пак, стартапот Eden Brew развива ситнетичко млеко во Вериби во државата Викторија. Комопанијата ги таргетира потрошувачите кои се загриѓени за климатските промени, а посебно поради емисијата на метан од изметот на кравите.

Ако индустријата за синтетичко млеко успее да ја оствари својата цел, потенцијалот за пореметување на млечната индустрија е голем. Тоа може да го насочи човештвото далеку од традиционалното сточарство кон радикално поинакви системи за прехрана.

- Advertisement -

(The Conversation)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -