Дебитантското лансирање во понеделникот на големата ракета од новата генерација требаше да ја понесе капсулата без екипаж на шестнеделен пробен лет околу Месечината и назад, 50 години после последната мисија Аполо на Месечината.
Но, поради протекување на моторот НАСА го одложи тој лет и како што сега открија од вселенската агенција, полетувањето е презакажано за сабота, 3 септември.
Прогласена за најмоќна и најсложена ракета во светот, џиновската двостепена ракета Space Launch System (SLS) е најголемиот нов лансирен вертикален систем во светот, кој американската вселенска агенција го изгради откако Saturn V леташе во рамките на програмата Аполо на Месечината во 1960-тите и 1970-тите години.
Главната цел на мисијата е за се тестира издржливоста на ракетата Orion, која ќе ја носи ракетата, во текот на повторното слетување во земјината атмосфера со брзина од 39.429 км/ч или 32 пати побрзо од брзината на звукот, Тоа е многу побрзо од вообичаената брзина со која капсулите со астронаути влегуваат во земјината орбита.
Програмата Аrtemis на НАСа, која го носи името по божицата која била сестра-близначка на Аполон во старогрчката митологија, има за цел да ги врати астронаутите на површината на Месечината до 2025 година и да воспостави долгорочна лунарна колонија како отскочна штица за уште поамбициозни идни патувања со човечки екипаж на Марс.
Ако успее, Artemis ќе го отвори патот за првата мисија SLS-Orion со екипаж, летот околу Месечината наречен Artemis II, веќе во 2024 година, после што ќе следува патувањето Artemis III на површината на Месечината.
(Zimo)
(фото: Pixabay)