НЛБ Банка со нова промотивна кампања за кредитите за физички лица

- Advertisement -

Од денеска, први септември, НЛБ Банка започнува нова промотивната кампања за кредити наменети за физички лица. Следејќи ги потребите и барањата на клиентите, во рамките на кампањата овозможени се низа поволности за сите оние кои во периодот од 1 септември до 31 октомври 2022 година ќе аплицираат за некој од кредитните продукти на Банката.

Во промотивниот период, клиентите добиваат единствена можност посакуваниот кредит да го добијат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка на заложниот имот притоа со брза и едноставна процедура на одобрување, што претставува дополнителна придобивка за клиентите.

- Advertisement -

Фокусирана првенствено на корисничкото искуство и задоволство, НЛБ Банка овозможува брз и едноставен процес за одобрување на потрошувачките кредити. Во експозитурите на Банката тие се одобруваат единствено со лична карта, без дополнителна документација, а кредитот е достапен со само една посета на експозитура. За дигиталните корисници, потрошувачките кредити до 600.000 мкд се достапни и преку мобилното банкарство, каде со само неколку клика, средствата од кредитот се достапни веднаш на трансакциската сметка на клиентот.

За сите клиенти кои се во фаза на решавање на своето станбено прашање, Банката нуди станбени кредити со низа различни опции, притоа имајќи флексибилен пристап во наоѓање на соодветно решение за секој клиент, согласно неговите потреби. Исто така, во соработка со повеќе градежни компании, како дополнителна поволност, овозможени се поповолни услови за кредитирање и одобрување на кредитот без нотарски трошоци.

Сподели!
- Advertisement -