Пристигнува најголемиот LG OLED телевизор во светот

- Advertisement -

Компанијата LG ја оправда позицијата лидер на пазарот за премиум телевизори и ја прошири својата понуда на телевизори со голем екран, користејќи најнова технологија. Најголемиот OLED телевизор во светот, LG OLED Gallery Edition TV 97G2, наскоро ќе биде достапен за купување на пазарите ширум светот, најавуваат од LG. Точните датуми за лансирање на уредите по региони ќе бидат познати во претстојните недели.

Моделот 97G2 има величествен екран од 97 инчи (околу 246 см) и благодарение на самосветлечката OLED технологија овозможува импресивно корисничко искуство во огромен размер. Овој телевизор, со најголем екран во светот досега, ја дополнува колекцијата на OLED телевизори од 42, 48, 55, 65, 77, 83, 88 и 97 инчи.

- Advertisement -

Овој целосно нов модел ќе биде претставен во рамките на проширена линија на телевизори, меѓу кои се позастапени се уредите со ултраголеми екрани, дизајнирани за незаборавно искуство при гледањето телевизија во домашни услови. Компанијата, исто така, ќе прикаже разновидни најсовремени технологии за екрани, односно модели од OLED, Micro LED и QNED сериите на телевизори на својот стандарден IFA саем.

Како неприкосновен лидер на глобалниот пазар за премиум телевизори девет години со ред, LG OLED стана омилен избор за милиони потрошувачи ширум светот. OLED телевизорите користат самосветлечки пиксели кои може индивидуално да се вклучуваат или да се исклучуваат за да репродуцираат совршено црна, неверојатно природна боја, со бескраен контраст. OLED технологијата без позадинско осветлување овозможува кеирање на единствени форми, како што се флексибилните и еластични телевизори.

- Advertisement -

Посетителите на саемот IFA 2022 од 2 до 6 септември ќе можат во живот да ги погледнат сите нови LG телевизори, вклучувајќи го и првиот OLED телевизор од 97 инчи во светот.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: LG)

Сподели!
- Advertisement -