Првиот воз на водород во светот почна за превезува патници во Германија

- Advertisement -

Француската компанија Alstom објави дека првиот воз на водород во светот, Coradia iLint, достигнал уште една пресвртна точка во Бремерверде, Долна Саксонија во Германија. Некои од таквите возови на водород сега почнаа да превезуваат вистински патници. Во септември 2018 година почна двегодишното тестирање на Сoradia iLint возовите по постоечка рута, со која управуваше компанијата Eisenbahnen und Verkehrsbetriebe Elbe-Weser (EVB). Проектот сега официјално влезе во фаза кога на јавноста и се познати повеќе детали. Користењето водород како гориво го намалува карбонскиот отпечаток на возовите врз природата.

На рутата помеу Куксхавен, Бремерхавен, Бремервердек и Букстехуде 14 регионални возови на водород ќе возат по пругите на Elbe-Weser и ќе заменат 15 дизел возови. Државната железничка компанија LNVG почна да бара алтернативи за дизел возовите уште во 2021 година и се обврза да почне да купува само возови кои не се дизел.

- Advertisement -

Регионалните возови на водород Alstom ќе се полнат со гориво на станицата Линде. Со досег од 1.000 км, моделот Coradia iLint може да вози цел ден на само еден резервоар за водород. Тој воз без емисија на јаглерд диоксид наместо издувни гасови испушта само пареа и кондензирана вода. Возот може да вози со брзина од 80 и 120 км/ч, а максималната брзина му е 140 км/ч.

Следната дестинација на возовите Alstom ќе биде Франкфурт, каде што 27 Coradia iLint возови се нарачани за централното градско подрачје. Тие ќе се користат и во Италија, каде што Coradia Stream возови на водород ќе сообраќат во регионот Ломбардија. А во Франција 12 Coradia Polyvalent возови на водород ќе сообраќаат во четири различни региони.

- Advertisement -

(Inceptive Mind)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -