Оваа недела во Берлин се одржува саемот за потрошувачка електроника IFA, на кој ќе бидат претставени и изложени бројни нови и интересни уреди. Еден од уредите кои го привлекоа вниманието на љубителите на големи екрани е моделот LG OLED Flex LX3.
Станува збор за првиот телевизор во светот со еластичен 42-инчен екран во светот,кој на корисниците им овозможува сами да изберат колку ќе биде закривен екрано за да го прилагодат на своите потреби и на моменталните активности. Оваа форма на телевизорот е овозможена од самоосветлувачката ОЛЕД технологија на LG без позадинско осветлување.
Телевизорот во себе го има интелигентниот процесор Alpha 9 Gen 5 и уникатни алгоритми за слика поради кои, како што велат од LG, може долго да се играат игри или да се гледа ТВ без заморување на очите и антирефлексен слој.
Закривеноста може да се прилагоди со избирање меѓу две однапред дефинирани поставки со помош на посебни копчиња на далечинскиот управувач или рачно преку 20 различни нивоа со растојание од 5 степени. Екранот на LG OLED Flex може и да се наведне нанапред под агол до 10 степени, а може да се прилагоди и висината на постолјето во распон од 140 мм.
Новата апликација Game, која е ексклузивна за LX3, поддржува прилагодливи screensavers, нуди линк до популарните апликации како Twitch и YouTube и дава преглед на поврзани надворешни влезни уреди, се на ист екран.
Посебна страница со поставки за звукот за играње вклучува еквилизатор, прекинувачи за AI Game Sound и Dolby Atmos и нуди пристап до напредни аудиопоставки, овозможувајќи им на корисниците да го прилагодат искуството на играње како што им одговара.
Начинот на работа Multi View овозможува истовремено гледање на создржини од два различни извори, додека функцијата Switching Hub овозможува користење на вградениот микрофон во LG OLED Flex и кој било уред поврзан преку USB како слушалки, тастатури или глушец со компјутер поврзан преку HDMI кабел.
(Zimo)
(фото: LG)