Twitter по прв пат ќе дозволи менување на напишаните коментари

- Advertisement -

Twitter лансира опција за уредување на коментари по прв пат после повеќе години дебати, интерни и екстерни, за тоа дали таквата функција е добра идеја. Функцијата уредување на коментарите наскоро ќе биде достапна за корисниците кои плаќаат 4,99 долари месечно за претплатата Twitter Blue. Edit Tweet, како што ќе се вика новата опција, ќе им овозможи на корисниците да прават измени на твитовите до 30 минути откако ќе го објават.

Твитовите кои ќе бидат уредени ќе имаат посебна ознака, а другите корисницит на Twitter ќе можат да кликнат на објавата и да ја видат претходната објавена верзија.

- Advertisement -

Поранешниот директор на компанијата, Џек Дорси, во јануари 2020 година изјави дека опцијата за уредување на коментарите е малку веројатна, но дека била толку многу барана што компанијата никогаш не зазела конечен став за тоа.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -