Ситуацијата во Италија, кога станува збор за високите сметки за струја и за гас, е драматична, пренесуваат медиумите. Деновиве големо вниание привлече несекојдневниот потег на италијанските трговци.
Цените таму почнаа да се зголемуваат уште од минатата есен, а сега сметките се 3-5 пати повисоки од претходната година. Освен суровините и продуктите, кои поскапеа по неколку пати, тука се и огромните цени на струјата и гасот, па за угостителските објекти наскоро ќе биде невозможно да продолжат да работат без да ги поскапат и своите услуги.
На многу угостители им остануваат само две опции – да го затворат објектот или драстично да ги зголемат цените, пренесуваат медиумите. За тоа колку се драстичните зголемувањата на цените на електричната енергија и на гасот говора и превисоките сметки кои им стигнуваат на граѓаните и на угостителите.
Многумина веќе затворија или уште повеќе се задолжија, други бараа интервенција од владата кога е во прашање јавниот придонес, кој сега е околу 15%, ако растот на трошоците за енергија надмине 30%.
Деновиве во Италија започна иницијатива за изложување на сметките за струја во излозите на објектите и на тој начин трговците и угостителите сакаат да укажат на драматичната ситуација со која се соочуваат италијанските компании.
Целта на националната иницијатива Bollette in Vetrina, која ја организира италијанското Здружение на малопродажни и угостителски компании, е купувачите да се запознаат со реалноста со која се соочуваат сопствениците на барови и ресторани, кои се борат со сметки кои се трипати повисоки од пред една година.
„Оваа иницијатива има за цел да стане потранспарентно што денес им се случува на оние кои управуваат со бар или ресторан, како и на купувачите да им се објасни зошто плаќаат поскапо кафе, со ризик и понатаму да се покачуваат цените во наредните месеци. Со покачени трошоци за енергија од 300%, работиме со пиштол во глава“ велат од здружението.
(Bizlife)
(фото: Facebook)