Оваа држава само што доби министер за кафе и за палмино масло, први такви функции во светот

- Advertisement -

Премиерот на државата Папуа Нова Гвинеја го објави новиот состав на владата, во кој не само што има некои нови лица, туку има и некои нови функции, вклучувајќи ја и позицијата минсиетр за кафе.

Оваа функција, која е прва таква во светот, покажува посветеност на владата на експанзијата на клучните земјоделски индустрии, изјави премиерот Џејмс Марапе. Марапе, исто така, по прв пат во светот именуваше и министер за палмино масло.

- Advertisement -

Овие нови функции ставаак акцент на земјоделството за да се забележи раст на таа гранка во земјата, рече Марапе.

Кафето од оваа земјата последните години наголемо се увезува во Австралија, САД и во Јапонија. Марапе вели дека треба да ја оживеат индустријата за кафе за да ги зголемат приходите од извоз.

- Advertisement -

„Во фокусот на новиот министер за кафе ќе биде кафето, кафето и само кафето. Сакам да пијам кафе направено во Гороко, Маунт Хаген, Лае и во другите делови од земјата. Сакам да видам повеќе кафе кое се одгледува за извоз на светските пазари“ објасни Марапе.

Во производството на кафе во земјата доминираат малите фармери од селата, кои произведуваат околу 85% од годишниот род на кафе во земјата. Тоа е извор на приходи за близу 2 милиони луѓе, што е околу 1/4 од населението.

- Advertisement -

Кафето е втора најголема земјоделска стока во земјата после палминото масло и зазема 27% од вкупниот извоз на земјоделски производи и учестува со 6% во БДП на земјата.

(Bizlife)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -