Овие привремени бариери против поплава можат да ја спасат вашата куќа, вашата зграда, вашата канцеларија од поплава. Бариерите се викаат NOAQ Boxwall и се производ на истоимената шведска компанија.
Станува збор за самостојна привремена бариера за вода. Дизајнирана е специјално за урбани средини и рамни површини како асфалт, но може да се постави на тревник и сл. Автоматски се баластира со тежината на водата колку повеќе вода допира до неа, толку повеќе се прицврстина за подлогата.
NOAQ Boxwall е дизајнирама да биде лесна за употреба и брзо да се поставува. Двајца луѓе можат да постават над 200 метри бариера за само еден час. Бариерата се поставува со спојување на деловите и за тоа не се потребни никакви алати.
Деловите имаат посебна форма за пренасочување на водата во текот на поплави и може да се постават во секаков простор.
(ABC Arizona)
(фото: NOAQ)