Овие животни не стареат, а научниците изгледа кончено открија зошто е тоа така. Една нова студија откри дека желките, саламандер гуштерите и крокодилите стареат многу бавно и дека припадниците на одредени видови, вклучувајќи ги и жабите и желките речиси воопшто не стареат.
Научниците веруваат дека долгиот живот кај тие животни се должи на нивните заштитни особини, односно на оклопот на желката и отровот кај жабите. Нивното оружје за одбрана значи дека помали се шансите да бидат изедени од друго животно, а бидејќи можат да живеат со децении, еволутивната логика вели дека почнуваат да стареат се побавно.
Тоа се нарекува заштитна фенотип хипотеза. Веќе е познато дека некои влекачи и амфибии може да живеат многу долго, но се досега причината за тоа беше анегдота за сите и сите заклучоци кои беа познати беа донесени од анализата на животни затворени во кафези.
Оваа нова студија собра податоци за 107 популации од 77 видови, кои сите живеат во својата природна средина. Новите откритија ќе овозможат да дознаеме повеќе за причината зошто ние луѓето старееме.
(World Economic Forum)
(фото: Flickr)