Топ 10 најбарани бизнис вештини во наредните 10 години

- Advertisement -

Ако сакате да станете незаменлив дел од сите работни средини во иднина, овие бизнис вештини ќе ви помогнат да ги совладате сите пречки на кое било работно место. Не мора да ги развивате само техничките вештини затоа што како што влегуваме во нова индустриска револуција и темпото на промени продолжува да се забрзува, вештините кои ви се потребни за да напредувате на работното место се менуваат.

Во својата книга „Вештини за во иднина: 20 вештини и компетенции кои им се потребни на сите за да успеат во дигиталниот свет“ писателот и бизнис советник Бернард Мар зборува за тоа како успехот во дигиталниот свет исто така захтева да разбереме како ќе влијае технологијата на нашиот свет. Исто така, ќе мора да негуваме критични меки вештини за да можеме да работиме непто што машините нема да го можат.

- Advertisement -

Еве десет од вештините кои работодавците ќе ги бараат од нас во наредните 10 години.

Дигитална писменост
Дигиталната писменост опфаќа вештини на учење, работење и снаоѓање во секојдневниот живот во нашиот дигитален свет. Овие вештини вклучуваат спосбност безбедно да се користат уреди, софтвер и апликации.

- Advertisement -

Писменост за податоци
За најголем дел од компаниите податоците сега се едно од најбитните средства што ги поседуваат, што значи дека организациите ќе сакаат да вработат луѓе кои можат да земаат податоци и ефикасно да ги користат. Писменоста за податоци подразбира можност за пристап до соодветни податоци и ефикасна работа со нив.

Критичко мислење
Во оваа ера на лажни вести, балони на социјалните мрежи и преоптеретеност со податоци, критичкото размислување е на врвот на листата со најбитни вештини кои треба да ги кутливирате за да бидете успешни. Да размислувате критички значи да ги анализирате проблемите и ситуациите врз основа на докази, а не врз основа на приказни од втора рака, лично мислење или пристрасност.

- Advertisement -

Емоционална интелигенција
Емоционалната интелигенција е способноста за изразување и контрола на нашите емоции. Емоционално интелигентната личност е свесна како влијаат нејзнините емоции на сопственото однесување и врз другите луѓе и како може да управува со нив во склад со ситуацијата. Емпатијата е способност за согледување на светот од туѓа перспектива и е клучна компонента на емоционалната интелигенција.

Креативност
Една од дефинициите на креативноста би била претворање на идеите во реалност. Креативноста ќе биде една од најбараните вештини на работните места во иднина.

Соработка
Природата на соработката и тимската работа се менува како што се развиваат тиммовите и се вклучуваат хибридни работници, работници на далечина, изведувачи и други вработени кои се меѓу проектите и тимовите.

Флексибилност
На работните места во иднина отвореноста за промена ќе биде уште еден битен фактор, многу побитен отколку денес. Ќе мора постојано да се бориме со нови технологии, со автоматизација, со брза промена на темпото на работа и со огромни пореметувања во работата. Сите ќе мора да развиеме ментална отпорност за да се прилагодуваме на новите услови.

Лидерски вештини
Доброто водство значи да се извлече најдоброто од другите и да се осигурате дека тие можат да напредуваат.

Менаџирање со времето
Без оглед на тоа дали работите од дома, работите цело работно време во канцеларија, имате сопствен бизнис или работите во некоај организација, способноста ефикасно да управувате со времето е од суштинско значење за ефектите во работата.

Љубопитност и континуирано учење
Кога би избрале само една вештина која сите во иднина ќе мора да ја негуваат, тоа би била љубопитноста, вели Мар. Без оглед на вашата возраст или професијата, континуираното учење е клучно да успех на работното место во иднина. Тоа ќе ви помогне да бидете флексибилни и полесно да се прилагодувате на промените.

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -