Искусете нови хоризонти на знаењето

- Advertisement -

Отворете ги широко вратите. Без граници, надминете ги ограничувањата. Велат небото е лимит, но кој може тоа да го дефинира, кога некој во раката ја држи новата диплома и пред него се можностите. Слободата што понатамошното школување на магистерски или докторски студии може да ја понуди, на почетокот е непоимлива. А кога се планираат постдипломските студии треба да се ослободи духот и на тој начин, да се вкусат идните можности.

Што би значеле постдипломски студии надвор од Македонија? Студирањето на магистерски или докторски студии во Словенија претставува искуство кое не само што го збогатува академско знаење, туку ги отвора вратите за кариерен раст во професионалниот свет надвор од нашите граници.

- Advertisement -

На словенечките Факултет за општествени применети студии (ФУДШ, https://www.fuds.si) во Нова Горица и Факултет за информатички студии (ФИШ, https://www.fis.unm.si ) во Ново Место, постојат различни студиски програми, обезбедувајќи широк спектар можности за студентите кои имаат желба за поинаков кариерен напредок од оној што го имаат дома.

Богатиот избор овозможува бесплатни магистерски студии, како и можности да се престојува во Македонија, а магистерските да се следат од далечина. На ФУДШ – магистерски студии, може да студирате интеркултурен менаџмент или медиуми и новинарство (https://www.fuds.si/en/). Односно, не мора да патувате и да имате други трошоци за време на магистерските студии. Ова не е случај со докторските студии, иако потребите за престој во Словенија се сведени на неколку пати во текот на годината. Сепак, поискусните велат дека промената на средината е една од можностите што треба да се користи, доколку постои шанса, затоа што ги зголемува можностите за понатамошната кариера. Тука може да се завршат социологија и психосоцијални студии или стратешки комуникации и менаџмент.

- Advertisement -

Факултетот за информатички студии, секако, нуди студиски програми поврзани со информатиката и технологијата (https://www.fis.unm.si/). На додипломски студии може да одберете помеѓу компјутерски науки и веб технологии или информатика во современото општество. Додека на магистерските студии, покрај споменатите области од додипломските студии, може да одберете и наука за податоци, сајбер безбедност или бизнис информатика.

Постои опција доколку веќе имате стабилна работа, сакате да бидете блиску до семејството и пријателите и да останете во Македонија, а истовремено и да инвестирате во вашето знаење, тоа да го направите преку програмата за хибридни студии на ФУДШ.

- Advertisement -

Магистерските студии се надградба на основниот дипломски степен и овозможуваат постдипломецот да се фокусира на подетални аспекти во областа на интерес. Овие студии нудат можност за длабоко истражување и критичко размислување, специјализирање во конкретна научна област, како и да се прошират вештините и знаењето. Овој степен отвора врати за работа на различни позиции.

Докторските студии се највисок степен на академско истражување и знаење, обезбедувајќи го научниот свет со незаменлив извор на нови идеи, длабоко истражување и критички анализи. Овие студии ги претвораат студентите во врвни истражувачи и научници, отворајќи им ги вратите кон многу нови можности за професионален напредок. Звањето Доктор на наука (Ph.D) е предизвик и искушение, но и инвестиција во сопствениот интелект и во збогатување на фондот на знаење.

Студиите на ФУДШ и на ФИШ, не само што вклучуваат предавања и истражувања, туку и можност за учество на конференции, објавување статии и учествување во научни проекти. По завршување со магистерските или докторските студии, се отвораат многу можности. Може да работите како експерти во вашата област, да истражувате, да работите во научни институции, владини организации, приватни компании или дури да ја продолжите вашата кариера како професор со високо образование.

Словенија на светската мапа е една од европските држави која се издвојува по квалитетното  образование, а е посакувана дестинација поради погодностите кои системски им ги обезбедуваат на студентите. Пробајте, отворете ги крилјата и „летнете“ кон нови предизвици. Искусете нови хоризонти на знаењето.

Фото – Raw pixel

Сподели!
- Advertisement -