ВИДЕО: Овие ултратенки соларни панели може да се печатат како весник

- Advertisement -

Универзитетот Њукасл, Австралија, дизајнираше ултратенки соларни панели кои може да се печатат како што се печати весник. Овие фотоволтаични ќелии кои може да се печатат може да донесат револуција во урбаното генерирање електрична енергија.

Панелите се тенки само 0,075 мм се направени од органски полимери кои можат да ја задржуваат соларната енергија и да спроведуваат електрицитет.Кај традиционалните соларни панели обично се користи силикон и честопати тежат до 15 кг по квадратен метар.

- Advertisement -

Тежната состојба на органските полимери овозможува да се печатат со печатачи слични на тие кои се користат за печатење весници и книги. Според професорот Пол Дастор од Универзитетот Њукасл, технологија која се користи за печатените соларни панели може да има многукратна друга примена.

На пример, може да се користи за улични светилки, за пумпи за вода, засолништа за катастрофи, опрема за кампување, за паметни ролетни за згради, па дури и за напојување возила.

- Advertisement -

И производството е поевтино од традиционалните панели – околу 7 долари по квадратен метар. Една фабрика за производство на такви панели во еден ден би можела да произведе километри такви панели секој ден.

Испечатените панели може со посебна лента да се прицврстат за која било површина, што значи дека не се користи некој скап и интрузивен метод на инсталација.

- Advertisement -

(Startup Selfie)

(фото: Facebook)

Сподели!
- Advertisement -