Почина кралицата Елизабета Втора

- Advertisement -

После 70 години владеење со Обединетото Кралство, кралицата Елизабета Втора почина на возраст од 96 години.

Таа застанала на тронот во 1952 година, на возраст од само 26 години и досега била сведок на секакви социјални промени во текот на речиси цел еден век.

- Advertisement -

Во текот на своето владеење работела со 15 премиери од кои првиот, Винстон Черчил, бил роден во 1874 година, а последната премиерка, Трус, е родена цели 100 години подоцна во 1975 година.

Родена била во Лондон на 21 април 1926 година и ни таа самата не можела да претпостави дека ќе стане кралица затоа што нејзниот чичко, Едвард Трети, абдицирал од тронот во 1936 година и нејзиниот татко, Џорџ Шести. Тоа значи дека кога Елизабета имала само 10 години станала наследничка на тронот.

- Advertisement -

Во текот на Втората светска војна Елизабета се допишувала со својот трет братучед, принцот Филип од Грција, кој служел во Кралската морнарица. Нивната романса продолжила до 1947 година, која на 20 ноември се венчале во Вестминстер и принцот станал војвода од Единбург. Останале во брак 74 години, до 2021 година, кога принцот почина на 99-годишна возраст.

Елизабета била крунисана за кралица на 2 јуни 1953 година, а преносот на телевизија тогаш го следеле над 20 милиони луѓе.

- Advertisement -

Наследникот на тронот на Елизабета, Чарлс, е роден во 1948 година. Кралот Чарлс, сега на 73-годишна возраст, ќе застане на чело на 14-те кралства на Комонвелтот.

Во наредниот период следува пауза на сите национални активности затоа што семејството и блиските пријатели и роднини ќе поминат доста време во жалење за кралицата. Официјалниот државен погреб на Елизабета Втора се очекува да се случи во текот на наредните две недели.

(BBC)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -