Бреинстер вработува! Зошто да работите во водечката EdTech организација во Македонија

- Advertisement -

Бреинстер е интернационална едукативно-технолошка организација (EdTech) која нуди квалитетно неформално образование и им помага на професионалците да се стекнат со нови вештини и компетенции на 21 век за да станат поконкурентни на пазарот на труд, како и да си го зацврстат знаењето и да напредуваат во нивните сегашни кариери. Организацијата, досега им помогна на повеќе од 11.000 студенти да се стекнат со нови знаења преку иновативни образовни програми, работа на реални проекти, учејќи од најдобрите професионалци и експерти од индустријата.

Зошто треба да му се придружиш на тимот?

Покрај многуте бенефиции за своите вработени, Бреинстер се истакнува и во тоа што овозможува работна средина во која професионалците постојано ги развиваат своите вештини.


Татјана Јанева, менаџер за човечки ресурси во Бреинстер вели дека компанијата може да се опише како организација која има холистички пристап кон своите вработени, нудејќи поддршка во сите сфери, професионално и приватно, односно организација која во целост се грижи за своите вработени.

- Advertisement -

„Некои од бенефитите што ги нуди Бреинстер за своите вработени се уникатни и единствени на пазарот. Неограничениот број на денови од одмор, флексибилноста и хибридното работење даваат голема вредност на нашите вработени при менаџирањето на нивниот work life balance. Миленичињата кои се присутни во канцелариите „крадат“ насмевки и се еден вид позитивна терапија за сите нас“, објаснува Јанева.

Таа додава дека позитивната компаниска култура, која се состои од континуирано учење и професионално надградување на сите вработени, постојаната поддршка од лидерите на тимовите, менторството и давањето насоки во текот на работењето, а особено тимскиот дух кој е клучен фактор за успешно работење, придонесуваат за градење на успешна Бреинстер приказна.

Ги охрабруваме поединците да чекориме заеднички кон нашата мисија, притоа обезбедувајќи им ја најдобрата работна околина за да го постигнат нивниот потенцијал. „There’s no I in TEAM“. Ова е исто така еден од принципите на кои цврсто се потпираме и го негуваме.

- Advertisement -

Бреинстер изгради и мрежа со повеќе од 100 инструктори, професионалци во своите области кои на своите студенти им ги пренесуваат искуствата од индустријата преку посебен менторски пристап.

Инструкторите на Бреинстер промовираат интерактивна, поддржувачка и мотивирачка средина, создаваат можности за студентите активно да учествуваат во процесот на учење, ги обликуваат студентите преку преку искуства, наместо преку учење напамет. Зошто да се приклучите на оваа мрежа и да се поврзете со најголемите професионалци?

„Како Бреинстер инструктори, ќе помогнете да ги обучиме и инспирираме идните иноватори и лидери, но исто така ќе ги подобрите и вашите лидерски и менаџерски вештини и ќе се приклучите на нашата мисија да го промениме начинот на кој луѓето учат нови вештини“, вели Стефан Смиљановски, маркетинг директор во Бреинстер.

- Advertisement -

Како порасна Бреинстер?

Бреинстер годинава го слави 7-миот роденден и од компанија со само неколку вработени, станува организација со повеќе од 50 вработени и 150 соработници. Се развива во лидер на пазарот, и е највисоко рангиран образовен центар во 2021 година според 99Schools!

 
„Во 2017 година, нашата цел почна да станува реалност бидејќи почнавме да растеме, инвестиравме во други производи и го проширивме нашето портфолио со планови да се справиме со овие прашања на меѓународно ниво. Ние сме ТИМ од 50+ вработени со полно работно време и 150+ соработници, обединети од интелектуална љубопитност и страст за создавање навистина одлични едукативни производи.
Ние сме иноватори, мислители, хакери, маркетери, дизајнери, професори, пилоти, љубители на животни, планинари, родители, футуристи, патници и решавачи на проблеми“, велат од Бреинстер.

Сите вработени во Бреинстер се обединети со збир на вредности и цели.
„Постојано учиме и се прилагодуваме, опсесивно сме фокусирани на нашите студенти, континуирано ги подобруваме нашите процеси, иновираме и експериментираме, се автоматизираме, сигурни и скромни, работиме тимски, работиме исклучителна работа, секогаш ја кажуваме вистината и го подобруваме образованието за вие да го подобрите светот“, велат од организацијата.

Слободните full-time, part-time и freelance работни позиции во Бреинстер може да ги најдете на следниот ЛИНК.

Сподели!
- Advertisement -