Архитектонското студио URB ќе го дизајнира и ќе го гради најголемиот урбан технолошки дистрикт во светот во близина на Ал Џадаф. Поради се поголемата популација на Земјата, урбанизацијата и влијанието на климатските промени градовите во иднина ќе мора да бидат се поотпорни, полесни за живот и попаметни. Затоа креирањето одржливи градови повеќе не е избор, туку неопходност. Зантоа се потребни компании за дизајнирање и градење на таквите одржливи заедници, се вели на страницата на URB.
Новата конструкција ќе биде дел од глобалната транзиција кон достигнување на целите за нула карбонски отпечаток и ќе стане дом на врвните претприемачи од целиот свет. Со тоа Дубаи ќе стане урбан центар за иновации и извор на уникатен технолошки екосистем кој од дубаи потоа ќе се прошири во целиот свет. Исто така, ќе има и неколку комерцијални и едукативни градби.
Според страницата на URB, проектот не може да биде даден во поспособни раце. Комапнијата има огромно искуство на полето на планирањето, дизајнирањето и изградбата со главен фокус на градови со нула емисија на гасови. Компанијата ја основал Бахараш Багреиан, кој имал 18-годишно искуство.
„Дубаи има најдобра местоположба за да ја предводи трансформацијата кон урбана технологија. Урбаниот технолошки дистрикт /е биде нов технолошки хаб за урбани иновации. Со вкупно 140.000 квадратни метри површина, ќе биде најголемиот урбан технолошки дистрикт во светот, а со тоа Дубаи ќе стане центар за урбани иновации“ вели Багреиан.
Урбаниот дистрикт ќе креира 4.000 работни места во областите урбана технологија, едукација и обуки. Во дистриктот ќе има и институт за урбана технологија, кој ќе ја едуцира идната генерација урбани технолошки лидери и ќе отвора можности за нови иновации.
(Interesting Engineering)
(фото: Ain Dubai)