Кина откри нов минерал на Месечината

- Advertisement -

Кинески научници тврдат дека откриле нов минерал на Месечината, а со тоа Кина стана првата земја во светот која открила нешто такво во поново време. Во текот на прес-конференција од Кинеската управа за атомска енергија (CAEA) го објавија името на новиот минерал – чангесит (Changesite-Y).

Ова е големо научно достигнување за Кина на полето на вселенските науки, велат оттаму. Чангесит е фосфатен минерал во кристал кој се наоѓа во честички од лунарниот базалт.

- Advertisement -

Од 140.000 честички лунарен примерок истражувачите од Истражувачкиот институт за геологија на уран во Пекинг идентификувале, анализирале и интерпретирале честички на еден кристал со радиус од околу 10 микорни со помош на софистицирани техники, вклучувајќи и дифракција на рендген зраци.

Кинеската Комисија за нови минерали, номенклатура и класификација (CNMNC) на Меѓународното минеролошко здружение (IMA) го класифицирала чангесит како нов минерал.

- Advertisement -

Тоа е шести нов минерал кој луѓето го идентификувале на Месечината, а Кина сега се приклучи на САД и на Русија, кои го имаат направено истото.

Кинеската мисија Chang’e-5 во 2020 година донесе примероци од лунарното тло на Земјата и тоа беше прв пат од 40 години. Во анализата на примероците учествувале истражувачи од неколку агенции, вклучувајќи ја и Кинеската академија за науки, Министерството за образование и Министерството за природни ресурси.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -