Нова технологија детектира мини со прецизност од 92%

- Advertisement -

Нова технологија за детекција на смртоносни експлозиви беше тестирана од страна на истражувачи од Demining Research Community, непрофитна организација која финансира академски истражувања за хуманитарни цели.

Истражувачите биле во Оклахома и две недлеи поставувале мрежа од мини и муниција за да обучат систем за детекција базиран на дронови и машинско учење. Системот бил обучуван да детектира и да идентификува опасни експлозиви без потреба од човечак помош, напиша магазинот Scientific American.

- Advertisement -

„Не е лесно да се наде место каде што може да се постават ‘заспани’ мини и да се вежба со дронови. Се обидфуваме да ја автоматизираме детекцијата на различни видови мини и тоа го правиме преку сензори на далечина и дронови. Моментално најголем дел од отстранувањето на неактивнираните мини се прави рачно со детектори на метал и мора да го поставите детекторот навистина ниско до зермјата за да видите дали има мина или не.“ велат истражувачите.

Истражувачкиот тим го предводат соосновачите на Demining Research Community, Џаспер Баур и Габриел Стајнберг во лабораторија на Универзитетот Оклахома. Тие тврдат дека постигнале 92% прецизност во детекцијата на мини со новиот систем.

- Advertisement -

Мините и неактивираните експлозиви се дизајнирани да ги спречат непријателските сили и возила да ги користат патиштата и полињата за напредок во борбените активности. Прблемот е во тоа што кога ќе заврши некоја војна тие мини и експлозиви не може едноставно да се исклучат и да се деактивираат. Наместо тоа, претставуваат закан по безбедноста на локалното население.

Има милиони неактивирани мини и експлозиви во десетици земји. Баур и неговите колеги се надеваат дека ќе гоо довршат нивниот систем за детекција за да им помогнат на организациите ширум светот да ги направат земјите погодени од војна во безбедни места за живот. Оваа технологија можеби ќе може да и помоге и на Украина кога ќе се заврши руската инвазија.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -