Њујорк е дом на најбогатите луѓе во светот, покажа новиот извештај на консултантската компанија за инвестициска миграција Henley & Partners.
Во Големото јаболко живеат околу 345.600 милионери, заедно со над 15.000 мултимилионери, кои имаат имот вреден над 10 милиони долари. Потоа, има и 737 центимилионери, кои имаат богатство од над 100 милиони долари и 59 милијарди, се вели во извештајот.
Извештајот открива дека околу 4% од 8,38 милиони граѓани на Њујорк поседуваат имот во кој може да се инвестира – имот, кеш или акции – вредни над милион долари.
Утврдено е дека вкупното приватно богатство кое го имаат жителите на Њујорк надминува 3 трилиони долари. Интересно е дека тоа е повеќе од вкупното приватно богатство во најголем дел од земјите од G-20.
Главниот град на Јапонија го зазеде второто место во извештајот со 304.900 богати поединци. Во споредба со Њујорк, многу помал дел од нив имаат имот вреден над 10 милиони долари. Извештајот открива дека 7.350 луѓе во Токио се мултимилионери, 263 имаат над 100 милиони долари, а 12 се милијардери.
На трето место се наоѓа Сан Франциско , со 276.400 богати поединци, од кои 12.890 е мултимилионери, 623 маст имот над 100 милиони долари, а 62 се милијардери.
Во продолжение погледнете ја целосната листа со топ 10 нсјбогати градови во светот.
- Њујорк
- Токио
- Сан Франциско
- Лондон
- Сингапур
- Лос Анџелес
- Чикаго
- Хјустон
- Пекинг
- Шангај
(Bizlife)