Поради корона вирусот, откажан ITB Berlin, најбитниот светски саем за туризам

- Advertisement -

Најбитниот светски саем за туристичката индустрија ITB Berlin е откажан, потврди германската министерска за здравство Дилек Калајчи, а информацијата беше објавена и на официјалната страница на саемот.

„Поради забрзаното ширење на новиот вирус COVID-19, Министерството за здравство и Министерството за економија иницираа откажување на саемот ITB Berlin 2020. Надлежните служби ги засилија бeзбедносните мерки за настанот. Меѓу другото, тука е барањето секој учесник да мора да докаже дека не доаѓа од жаришно подрачје на зараза и дека немал никаков контакт со луѓе од тие подрачја. Messe Berlin не е во можност да ги задоволи тие барања“ се вели во соопштението на страницата на саемот.

- Advertisement -

ITB Berlin е најголемата светска туристичка берза и една од најголемите изложби кои се организираат во Messe Berlin. Годинава се очекуваа околу 10.000 излагачи од над 180 земји. Според грубите проценки, во просториите на саемот за време на ITB би се наоѓале повеќе од 500.000 луѓе.

Сподели!
- Advertisement -