Бугарија и Северна Македонија не постигнаа договор за цената на струјата што Бугарија би ја извезувала кај нас, објави Бугарското национално радио (БНР).
Во посета беше работна група од Скопје, во чиј состав се директорите на македонските енергетски компании, Васко Ковачевски и Орхан Муртезани, како и Виктор Андонов, советник на премиерот Димитар Ковачевски.
Како што се наведува во веста, на оваа средба не е постигнат договор за цената и трошоците за транспорт на електрична енергија.
БНР, повикувајќи се на македонските медуми објавува дека Скопје очекува да добие пониска цена за најмалку 15 проценти од онаа на берзата, додавајќи дека тоа значи помалку од 400 евра за мегават час. Работните групи повторно ќе се сретнат следната недела.