Во пресрет на одбележувањето на 10-годишнината од отворањето, Скопје сити мол лансира мобилна апликација – MojCityMall каде што на едно место ги имате сите информации и дополнително ги наградува лојалните посетители на трговскиот центар. Преку апликацијата MojCityMall, посетителите на „Скопје сити мол“ ги имаат на едно место, во својот паметен уред, сите корисни информации што се однесуваат на работењето на трговскиот центар, како што се: работното време, локацијата на продавниците, нивните контакт-податоци, вклучувајќи ги и линковите до нивните профили на социјалните мрежи, кинопрограмата, како и сите новости поврзани со нови продажни акции, промоции, кампањи и настани во рамките на шопинг-центарот.
Апликацијата MojCityMall претставува дигитална платформа преку која корисниците, со секоја посета на трговскиот центар, добиваат поени кои можат да ги разменат за одредени награди. Првите поени се добиваат уште при преземањето на апликацијата од Google Play или App Store, а дополнителни поени се добиваат при креирање кориснички профил, за заследување на што поголем број продавници, како и за секоја следна посета на трговскиот центар.
За одреден број собрани поени, корисникот на апликацијата може да избере некоја од наградите што ги обезбедува трговскиот центар, а добива и дополнителна можност да користи и различни поволности, попусти, шопинг-ваучери, бесплатни производи и услуги, како и друг вид специјални награди кои ќе ги доделуваат продавниците што се наоѓаат во состав на трговскиот центар.
„MojCityMall е иновативна платформа која е осмислена и дизајнирана да креира повеќекратни придобивки за посетителите, како и за нашите партнери – закупците на простор во трговскиот центар. Покрај тоа што таа овозможува да ги наградиме нашите верни посетители, што е нашата примарна цел, таа истовремено и ги анимира потрошувачите, овозможувајќи им на брз и едноставен начин да ги дознаат сите новини во понудата и работењето на трговскиот центар и продавниците во негов состав, што е на иста линија со нашиот слоган – СÈ ШТО САКАМ“ изјави Дамјан Корубин, маркетинг-менџер на „Скопје сити мол“.
„Истовремено сме особено горди на тоа што со оваа иновација, која ја лансираме во пресрет на прославата на првата деценија од нашето постоење, уште еднаш ја потврдуваме позицијата на „Скопје сити мол“ во креирањето амбиент за супериорно шопинг-искуство на потрошувачите и во создавање најдобри услови и бизнис-можности за нашите партнери – закупците“, потенцира Дамјан Корубин.
Наградите и пријатните изненадувања за корисниците на МојCityMall веќе се обезбедени и ги очекуваат сите оние што уште од денеска ќе ја инсталираат апликацијата на своите паметни телефони и ќе го посетат „Скопје сити мол“.
Линк до апликацијата https://shoppingmall.download/skop
Повеќе информации на https://skopjecitymall.mk/aplikaczija-mojcitymall/