Кинески научници направија маска која детектира КОВИД-19 во воздухот

- Advertisement -

Кинески научници развија маска која корисниците ги предупредува на изложеност на КОВИД-19 или грип, пишува Еuronews. Сензорот вграден во маската успеал да детектира вируси на болестите КОВИД-19, Х5Н1 и Х1Н1 во рок од 10 минути и испратил предупреудвањедо корисниците, се вели во студијата која ја воделе шестмина научници од Универзитетот Тонги во Шангај. Резултатите пред неколку дена беа објавени во списанието Matter.

Новиот уред, кој се наоѓа над маската и работа на литиумска батерија, е тестиран со прскање патогени по него во затворена просторија. Симулирано е и веројатно сценарио во кое некој зборува или кашла.

- Advertisement -

Сензорите реагирале веќе и на течност во повеќекратно помала количина од таа што се произведува со кивање и испратиле предупредување со уреди слични на телефон.

„Претходните истражувања покажааа дека маските го намалуваат ѓирењето ан вирусот. Затоа сакавме да направиме маска која корисниците ги предупредува на присуство на вирусот во воздухот“ вели Јин Фанг од шангасјкиот универзитет и еден од авторите на студијата.

- Advertisement -

Истражувачите велат дека уредот најдобро се користи во затворени простории каде што ризикот од зараза е висок. Работат ан тоа да се скрати времето на детекција и осетливост на уредот, кој по потреба може да се конфигурира за различни вируси.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -