ММФ предупредува на масовни протести ако не сопре растот на инфлацијата!

- Advertisement -

Луѓето низ светот ќе почнат да излегуваат на улица ако не преземеме соодветни мерки и не го спречиме растот на инфлацијата. Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Ѓеоргиева за Си Ен Ен вели дека граѓаните ширум светот поминаа тежок период и серија кризи. Предупреди дека ако останат и без чувството дека ќе преживеат, тогаш останува само улицата.

„Ако не можеме да го заштитиме чувството за преживување и чувството на солидарност, тоа е она што ќе се случи“, предупреди таа. Ќе има „луѓе на улица“ на глобално ниво доколку не се преземат чекори за заштита на најранливите од инфлација.

- Advertisement -

Таа објасни дека уфрлањето на пари во економиите со владини интервенции одат во спротивна насока од заложбите на монетарната власт да се намали инфлаторното движење.

Сподели!
- Advertisement -