Истражувачи од цел свет тестираат симулирани почви од вселената за еден ден да можеме да правиме геополимерски цемент на Месечината. За да се гради на Месечината не може да се носи цемент од Земјата во вселената. Мора да се направи таму, па затоа инженери истражуваат како да направат полимерски цемент од вселенска почва слична на глина.
Некои видови глина кои ги има на Земјата се слични со тие на Месечината и на Марс. Клучот за тие истражувања да постигнат напредок е да се најде вистинскиот врзивен елемент затоа што количината цемент која би била потребна за градење куќи и згради иа Месечината иа на Марс е огромна и невозможно е да се однесе до таму.
„Ако живееме и работиме на друга планета како Марс или Месечината, мора да правиме бетон. Но, не можеме да го носиме бетонот со нас, туку мора да користиме локални ресурси“ вели Норман Вагнер, шеф на Катедрата за хемиски и биомолекуларен инеженеринг на Универзитетот Делавер.
За среќа, тим од истражувачи од Универзитетот Делавер верува дека локалните ресурси постојат во вселената во форма на глинена почва која ја има и на Месечината и на Марс. Во својата студија објавена во списанието Advances in Space Research, тимот пишува дека успеале да направат геополимерски цемент користејќи почви кои ги има на нашиот природен сателит и на Црвената планета. Освен тоа, тие направиле и рамка за споредба на различни геополимерски цементи за различни намени.
Геополимеритер се неоргански полимери кои се составени од алуминосиликатни минерали. Се наоѓаат во глинените почви во целиот свет и сега е докажано дека ги има и на Месечината и на Марс и ги имаат истите карактеристики. За да се добие силен врзивен елемент глинената почва мора да се измеша со растворач со висока pH вредност, како што е содиум силикат, кој алимуниумот и силиконот ги поттикнува да реагираат со други материјали и да формираат структура слична на цемент.
Тестирањата покажале дека полку е поладна средината, толку има помала реакција меѓу материјалите, што значи дека можеби деополимерите ќе треба да се загреваат или да се додава некоја хемиска состојка за да се поттикне реакција во одредени средини. Додека, пак, колку е повисока температурата, толку е поквалитетен вселенскиот цемент.
(Popular Mechanics)
(фото: YouTube)