ССК и Бизнис Академија Смилевски заеднички ќе инвестираат во човечкиот капитал

- Advertisement -

На настанот организиран за потпишување на документот, претседателот на Сојузот Ангелоски ја акцентираше важноста на човечкиот капитал за динамичен економски развој

Унапредување на соработката меѓу научно-истражувачката дејност и приватниот сектор со цел инвестирање во човечкиот капитал  е фокусот на соработката на Сојузот на стопански комори на Македонија и на Бизнис Академија Смилевски БАС, која вчера доби правна рамка со потпишување на Меморандум за соработка. Во име на двете институции Меморандумот го потпишаа претседателот на Сојузот, Трајан Ангелоски и директорката на БАС, Маја Кузмановска.

- Advertisement -

На настанот организиран за потпишување на документот, претседателот на Сојузот Ангелоски ја акцентираше важноста на човечкиот капитал за динамичен економски развој.

„Човечкиот капитал е еден од главните елементи за иден, успешен и динамичен економски развој, затоа и вложувањето во него треба да е приоритет за сите општествени чинители, пред се државите институции и приватниот сектор. Соработката која ја официјализираме всушност ќе даде придонес кон унапредување на вештините и знаењето на младите во насока на нивно совпаѓање со потребите на пазарот, а исто така заеднички ќе работиме на поттикнување на истражувачката дејност и иновациите како значајни сегменти за иден развој“, истакна Ангелоски.    

- Advertisement -

Меморандумот предвидува размена на кадри во формирање на истражувачки и консултантски тимови за заеднички потфати, вклучувајќи и заедничко основање на повремени или трајни организации и асоцијации. Согласно документот за соработка ќе се иницираат заеднички истражувачки проекти, меѓународни проекти, научни собири, обуки, пракса во различни области.

БАС е акредитирана високообразовна установа која успешно функционира во областа на високото образование уште од 2007 година,  а студиските програми се подготвуваат  согласно промените на пазарот со цел да се понуди практично и применливо знаење на студенти.

Сподели!
- Advertisement -