ВИДЕО: Автомобил кој ви овозможува да преспиете во текот на возењето

- Advertisement -

Што би рекле ако некој ви каже дека автономните автомобили во иднина активно ќе им помагаат на патниците за преспијат и да одморат во текот на возењето? Таа иднина и не е толку незамислива и далеку кога ќе го погледнете најновиот автомобил кој го претстави Volkswagen.

Футуристичкиот концепт автомобил кој го претстави Volkswagen е уникатен електричен автомобил наречен Gen Travel. Тој и беше претставен на јавноста минатиот петок и има целосно реконфигурабилна кабина, која седиштата за патници ги претвора во кревети. Има дури и амбиентално осветлување посебно дизајнирано за да влијае на производството на хормонот мелатонин, за подобро дансе одморите и да спиете додека автомобилот ве вози до крајната дестинација.

- Advertisement -

Седиштата на Gen Travel може да се наместат во т.н. ноќна конфигурација, но тоа е само еден од многуте начини на кои седиштата на Gen Travel може дасе постават во возилото. Тука е т.н. конференциска поставка, односно четири седишта и голема маса на средината, а од Volkswagen велат дека и остветлувањето може да се постави во посебна амбиентална средин за подобра работна атмосфера и ублажување на мачнините при возењето.

Кабината на возилото е дизајнирана така што треба да пропушта доволно светлина, а од Volkswagen велат дека долниот дел од страничните прозорци е во ниво на половината на телото, што дава одличен поглед нанадвор. Но, ако патникот сака да легне и да спие, сепак ќе биде поиснко од прозорецот и далеку од љубопитните погледи однадвор. Концепт вратите од типот Gullwing, не само што изгледаат одлично, туку го олеснуваат и влегувањето и излегувањето од автомобилот.

- Advertisement -

(Volkswagen)

(фото: Volkswagen)

Сподели!
- Advertisement -