Следува револуционерна промена – ќе ги снема камерите за селфи од екраните на телефоните

- Advertisement -

Дизајнот на телефоните во последните неколку години прилично се смени и мобилните компании развиваат телефони на кои најголем дел од предната страна зазема екранот. Тоа почна со Apple, а потоа други компании претставија само мали отвори од предната страна во кои е сместена камерата, но видовме и експерименти како сокриени камери за слефи кои излегуваат од куќиштето и механизми на лизгање.

Последнито тренд кој може да се види на моделите од серијата Galaxy S10 е мала дупка во екранот, што помалку наметливо решение во однос на хардверскиот засек и може добро да се скрие на екранот. Но, и таквите дупчиња не се совршено решение, а токму Samsung сака да го реши тој проблем и наскоро планира да претстави телефони со чист екран, без поп-ап камери и без лизгачки механизми.

- Advertisement -

Јужнокорејската компанија моментално работи на решение благодарение на кое целосно ќе ги снема слефи камерите од екранот, односно нема да има отвори туку ќе бидат целосно сместени под екранот, што не би требало да влијае на квалитетот на фотографиите. За развој на камери под екранот и предхотно пишуваа корејските медиуми, а информацијата ја потврдија од Одделот за истражување и развој на екрани во Samsung.

Моментално не е познато кога можеме да ги очекуваме првите смартфони со новата генерација камери, а веројатно после ваквиот производ на Samsung другите компании за мобилни телефони ќе го следат примерот со слични модели.

Сподели!
- Advertisement -