Листата со најдобри градови за живот, која ја состави магазинот Economist, ја предводат три европски градови. После три години, Виена повторно е на врвот на Економскиот индекс на најдобр градови за живот (The Global Liveability Index).
После две години, во кои на рејтингот на градовите во голема мера влијаеше пандемијата на корона вирусот, односно мерките кои беа преземени, во 2022 година ситуацијата се нормализира.
Главниот град на Австрија, кој нуди безбројни можности во областа на културата и забавата, високо се котира на полето стабилност, има добра инфраструктура и на своите граѓани им нуди одлична здравствена заштита. Тој е најдобро оценет град со импресивни 99,1 поени од можни 100. Главниот град на Данска, Копенхаген, и швајцарски Цирих се следните два града на листата. Тука се и канадските Калјари и Ванкувер, Женева, Франкфурт, Торонто, Амстердам, Осака и Мелбурн.
На дното на листата со градови според квалитетот се наоѓа Дамаск со оценка 30,7. Лошо котираат и нигериски Лагос, либиски Триполи, Алжир и Карачи.
(Bizlife)
(фото: Wikimedia)