Истражувачи од МИТ создадоа технологија за разладување која не троши струја

- Advertisement -

Истражувачи од Институтот за технологија на Масачусетс ја доразвија технологијата која се користи за пасивно разладување, метод кој воопшто не троши струја. Во нивните последни обиди истражувачот Женгмао Лу и неговите колеги постигнлае пасивно разладување до 9,3 степени Целзиусови, се вели во соопштението од универзитетот.

Системот комбинира две стандардни технологии за пасивно ладење кои се користеле и претходно и има додадено термална изолација за да се овозможи уште поголемо ладење. Не само што системот ви овозможува да не копате подземни дупки за да направите фрижидери, туку единственото одржување што треба да го правите на системот е да додавате вода. Колку често ќе додавате вода зависи од влажноста на воздухот во локалната средина.

- Advertisement -

Истражувачите ја претставија технологијата на кровот на МИТ со кутии кои беа високи 10 см и многу слични на соларни панели. Уредите биле направени од три слоја материјал кој врши двојна улога на разладување на водата, како и пропуштање на топлината. Горниот слој е направен од аерогел, структура слична на сунѓер од полиетилен со воздух затворен во шуплините. Иако во природа е изолатор, материјалот овозможува водената пареа и инфрацрвената радијација да поминат низ него.

Под аерогелот има слој на хидрогел, кој е уште една сунѓереста структура, но шуплините таму се полни со вода. И на крајот има рефлектирачки слој, кој ја рефлектира целата светлина назад до другите компоненти од уредот за да се загреат самите компоненти, а не содржината во кутијата. Кога водата од хидрогелот ќе се загрее, се претвора во пареа и се подигнува, а со себе ја носи и топлината. Пареата исто така поминува низ аерогелот, кој исто така овозможува инфрацрвената радијација да понесе дел од топлината во воздухот и во вселената.

- Advertisement -

Разладувањето кое се постигнува на тој начин може да се користи за складирање храна 40% подолго во влажни услови и трипати подолго во посуви услови. Технологијата може да се користи и за да се намали работата на компресорите од клима-уредите. Со тоа ќе се зголеми ефикасноста на клима уредите и ќе овозможи заштеда на енергија.

Резултатите од истражувањето се објавени во весникот Cell Reports Physical Science.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Piqsels)

Сподели!
- Advertisement -