Vivo ја лансираше својата следна генерација паметни телефони на преклопување, X Fold+

- Advertisement -

Надградбите од неговиот претходник вклучуваат чипсет од 4 nm, побрзо полнење и уште попаметен камера систем во ко-инженеринг со ZEISS

Vivo официјално го објави своето надградување на серијата  смартфони на преклопување X Fold+. Следејќи ги дизајнерските стапки на својот претходник, овој паметен телефон продолжува да користи алуминиум и сега се одликува со мобилната платформа Qualcomm Snapdragon 8+, прилагоден безбедносен чип, како и подобрено корисничко искуство со батеријата и камерата. Покрај веќе постоечките сина и сива, X Fold+ ја воведува и впечатливата црвена боја.

Подобрени „паметни телефони“ и побрзо полнење

- Advertisement -

Надоврзувајќи се на претходната генерација, X Fold+ сега ја носи мобилната платформа Qualcomm Snapdragon 8+, комбинирана со прилагоден безбедносен чип vivo. Чипсетот содржи процес од 4 нанометри, има подобрени перформанси и помала потрошувачка на енергија. Кога станува збор за траењето на батеријата, vivo го зголеми капацитетот на батеријата на X Fold+ на 4730 mAh, без притоа да ја зголеми големината и тежината на уредот, што според тестовите во лабораториите на vivo, го подобрува целосното траење на батеријата со повеќе од 20 %.

Покрај воведување на батерија со поголем капацитет, X Fold+ сега исто така се полни побрзо во споредба со неговиот претходник, бидејќи има жичен 80W и безжичен vivo FlashCharge од 50W, во споредба со европскиот предводник vivo X80 Pro. Ова овозможува жично полнење од 1 до 70 % капацитет на батеријата за само 18 минути, а целосното полнење е за 35 минути. Безжичната технологија vivo FlashCharge му овозможува на овој телефон да се наполни од целосно испразнета батерија до целосно полна, за само 53 минути.

- Advertisement -

Покрај тоа, X Fold+ се испорачува со ексклузивен двоен USB-C полнач со галиум нитрид како стандард, што овозможува полнење на повеќе уреди во различни прилики.

Екран од 120 Hz, внатре и надвор

- Advertisement -

X Fold+ го подобрува корисничкото искуство со екранот на преклопување со двата негови дисплеи – надворешниот и внатрешниот – притоа поддржувајќи refresh rates од 120 Hz. Внатрешниот екран од 8 инчи, со резолуција од 2160 x 1916, ја добива оваа надградба, овозможувајќи постојано визуелно корисничко искуство при префрлање помеѓу внатрешниот и надворешниот екран, како и создавање појасни слики при преминувањето од една во друга апликација, играње игри или прикажување видеа со висока резолуција.

Вреди да се напомене дека vivo X Fold+ е опремен со 3D ултразвучни читачи за отпечатоци и на внатрешниот и на надворешниот екран, со поголема брзина на отклучување, поголема безбедност, како и поголема употребливост без оглед на условите на околината.

Конечно, големиот внатрешен дисплеј нуди подобрено гледање на поделен екран за подобра ефикасност. Ова значи дека потрошувачите можат да отворат до два прозорци во преден план и да поддржуваат четири апликации во исто време со двојни прозорци на поделениот екран и до 12 прозорци во заднина. vivo X Fold+ го поддржува таканаречениот Speaker Mode, каде што долниот дел од екранот може да прикажува белешки, а горниот дел може да прикажува PowerPoint презентација, така што потрошувачите можат безжично да ја пресликаат содржината на презентацијата на поголем екран.

Фотографирање како предводникот на vivo, во ко-инженеринг со ZEISS

Кога станува збор за фотографирањето, vivo X Fold+ ги носи подобрените сензори на камерата како резултат на глобалното партнерство за сликање на vivo со ZEISS. Ова вклучува оптимизации на сегашната оптика, особено кога станува збор за подобрена големина на објективот опремена со препознатливата облога ZEISS T* која го намалува отсјајот и ја подобрува транзицијата на видливата светлина, што резултира со подобрен квалитет на сликата и прецизност на репродукцијата на боите. Оптиката сега вклучува поставување focal length quad camera setup, додавајќи перископска камера со 5x оптички и 60x дигитален зум, со оптичка стабилизација на сликата.

X Fold+ има камера и на внатрешениот и на надворешенит дисплеј, така што потрошувачите можат да фотографираат селфи со помош на главната камера, која нуди подобра резолуција, чувствителност на светлина и видно поле што ги прави селфињата уште попривлечни.

Балансиран дизајн и нова ориентална црвена боја

X Fold+ ги следи дизајнерските стапки на неговиот претходник. Ова вклучува квадратни и кружни форми, што го прави многу уникатен уред во оваа категорија.

Покрај свежите сина и сива боја, X Fold+ додава карактеристична црвена нијанса. vivo за време на презентацијата истакна, дека овој уред се лансира како уред достапен само за на кинескиот пазар.

Во врска со Vivo

vivo е технолошка компанија која создава врвни производи засновани на вредност водена од дизајнот, со главен фокус врз паметните уреди и интелигентните услуги. Компанијата има цел да изгради мост меѓу луѓето и дигиталниот свет. Преку својата уникатна креативност, vivo им овозможува на корисниците сè поудобен мобилен и дигитален живот. Следејќи ги основните вредности на компанијата кои вклучуваат Benfen*, со фокус на дизајнот и корисничкото искуство, како и континуираното учење и тимскиот дух, vivo имплементира стратегија за одржлив развој со визија да прерасне во поздрава и поодржлива корпорација од светска класа.

Здружувајќи ги и развивајќи ги најдобрите таленти за да испорача извонреден квалитет, vivo е поддржан од мрежа центри за истражување и развој во Шенжен, Донгуан, Нанџинг, Пекинг, Хангжу, Шангај и Ксиан, фокусирајќи се на развојот на најсовремените потрошувачки технологии, вклучително 5G, вештачка интелигенција, индустриски дизајн, систем за фотографирање и други нови технологии. vivo, исто така, воспостави интелигентна производствена мрежа (вклучувајќи ги и оние овластени од vivo), со годишен производствен капацитет од речиси 200 милиони паметни телефони. Досега, vivo ја разграни својата продажна мрежа во повеќе од 60 земји и региони и стана посакуван бренд кај повеќе од 400 милиони корисници ширум светот.

*„Бенфен“ – термин што го објаснува ставот да се сработат вистинските работи на вистински начин – што е најдобар опис на мисијата на vivo да создаде нова вредност за општеството.

Повеќе информации и најновите вести на vivo дознајте ги на: https://www.vivo.com/eu/about-vivo/news

Сподели!
- Advertisement -