Дрвјата денес се многу поголеми отколку пред 30 години затоа што се „хранат“ со јаглерод диоксидот

- Advertisement -

Дали дрвјата околу нас се менуваат? Резултатите од неодамнешно истражување на тим од Државниот универзитет Охајо се доказ дека е тоа така. Резултатите, објавени во списанието Nature Communications на 19 септември, се навистина одушевувачки. Имено, истражувањето потврди дека дрвјата стануваат се поголеми како резултат на јаглерод диоксидот. Со други зборови, атмосферата го зголемува волуменот на дрвјата во САД.

Студијата открила дека повисоките нивоа на СО2 предизвикуваат покачување на волуменот на дрвјата во 10 различни групи на шуми во САД, иако други фактори како климатските промени и штетниците исто така го менуваат волуменот на шумите. Тоа покажува дека брзиот раст на дрвјата помага да се заштити екологијата на Земјата од ефектите на глобалното затоплување, се вели во студијата од Универзитетот Охајо.

- Advertisement -

„Шумите чистат околу 13% од глобалната емисија на јаглерод диоксид. Додека ние испуштаме милијарди тони јаглерод диоксид во атмосферата, ние всушност чистиме голем дел од тоа така што им дозволуваме на шумите да растат“ вели Брент Сонген, коавтор на студијата и професор на Државниот универзитет Охајо.

Причината поради која дрвјата растат е „наѓубрувањето“ со јаглерод диоксид. Таквото наѓубрување ја засилува фотосинтезата во растенијата кога има повеќе СО2 во атмосферата. Според студијата, во изминатите 20 години шумите во САД складирале околу 700-800 тони СО„ годишно или 10-11% од вкупната годишна емисија на земјата.

- Advertisement -

(Nature)

(фото: Pixnio)

Сподели!
- Advertisement -