Ковачевски: Грејната сезона ќе почне на време, школите ќе имаат доволно енергија

- Advertisement -

Премиерот Димитар Ковачевски вечерва на вонредна прес-конференција обелодени дека жителите на Скопје кои се приклучени на централното градско греење ќе имаат топли радијатори од 15 октомври.

Во однос на електрична енергија, и малите потрошувачи ќе добијат сигурна, стабилна и континуирана испорака на електрична енергија.

- Advertisement -

“80% проценти ја субвенционираме сметката за електрична енергија за 650 илјади домаќинства, а над 70 илјади компании и други правни субјекти т.н. мали потрошувачи со промет годишен до два милиона евра ќе добијат субвенционирана електрична енергија која е трипати пониска од берзанската. Дополнително донесовме одлука на регулиран пазар да бидат и основните и средните училишта на територијата на цела држава без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на самите општини”, рече премиерот.

Дополнително донесeна е одлука на регулиран пазар да бидат и основните и средни училишта на територијата на цела држава, без разлика што обврската за обезбедување на образовниот процес е на самите општини. Сите јавни и здравствени установи ќе бидат обезбедени со електрична енергија преку ЕСМ продажба по поволна цена од берзанската.

Сподели!
- Advertisement -