Успешно полета првиот целосно електричен авион во светот

- Advertisement -

Израелската компанија Eviation Aircraft успешно го лансираше авионот Alice од меѓународниот аеродром Grant County во Вашингтон. Авионот нулта емисија патуваше на висина од 3.500 стапки во текот на 8-минутниот лет.

„Ова е историја. Не сме виделе промена кај погонската технологија кај авионите откако преминавме од мотори со клипови на турбински мотор. Тоа беа 1950-тите години, кога последен пат видовме нова технологија како оваа“ изјавија од Eviation.

- Advertisement -

Со технологијата за батерии слична на таа кај електричните автомобили или мобилниот телефон и 30 минути полнење. Alice со девет патници ќе може да лета еден час, околу 440 наутички милји. Авионот има максимална брзина од 250 јазли или околу 460 км на час. За споредба, Boing 737 има максимална брзина од околу 946 км на час.

Eviation е основана во 2015 година и оттогаш се труди да го пласира Alice на пазарот. Компанијата се надева дека ќе ги искористи информациите собрани во текот на летот за да ги испланира идните чекори и да ги испорача авионите до купувачите до 2027 година.

- Advertisement -

Додаваат дека олекуваат оти ќе работат на развојот на авионот за сертификатот FAA до 2025 година, после што ќе следува година или две тестирања во воздух пред да може Alice до купувачите. Три различни верзии на Alice се во прототип фаза: приградска варијанта, извршна верзија и една специјализирана за товар. Конфигурацијата за приградско возење прима девет патници и два пилоти, извршниот дизајн има шест патнички седишта, а товарниот авион има простор од околу 13 кубни метри.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -