Австралиска држава размислува да забрани возење автомобил за мажи помлади од 21 година

- Advertisement -

Неколку експерти за безбедност на патиштата во австралиската дрѓава Нов Јужен Велс тврдат дека на мажите треба да им се забрани добивање возачка дозвола до 21 година. Предлогот е испратен до владата и во него се вели дека потребно е да се направи повеќе за да се намали бројот на смртни случаи на патиштата преку поголем фокус на младите возачи, посебно на младите мажи.

Професорката и претседателка на колеџот за сообраќајна безбедност Ен Вилијамсон забелеала дека возачите помлади од 25 години во Нов Јужен Велс се одговорни за речиси 25% од соорбаќајките, и покрај тоа што сочинуваат само 15% од вкупниот број возали во земјата.

- Advertisement -

Затоа, таа вели дека потребно е да се постават поголеми ограничувања за младите возачи за да се намали тој број.

„Не е дека надлежните тела за патишта и носителите на одлуки не се свесни дека постојат бројни ограничувања за неискусните и млади возачи, но тоа очигледно не е доволно. Младите мажи можеби треба да имаат 21 или 22 години пред да добијат возачка дозвола. Ова е многу контроверзни размислувања, но тоа се разботи за кои мора да се размисли“ вели Вилијамсон.

- Advertisement -

Засега ништо не упатува на тоа дека владата на Нов Јужен Велс сериозно размислува за толку значајна промена на својот систем за издавање возачки дозволи. Сепак, премиерот на државата побара совет за ограничување на бројот на патници кои можат да бидат во автомобилот со возачот се додека имаат ограничена дозвола со почетнички таблици.

(021)

- Advertisement -

(фото:Flickr )

Сподели!
- Advertisement -