Интервју со Бојан Соклевски, Intermediate Testing Engineer во Телеком дивизијата на Сеавус

- Advertisement -

­­­­­­Проектите на кои што се работи по завршување на Телеком Талент програмата на Сеавус секојдневно ги надоградуваат стекнатите вештини

Запознајте го Бојан Соклевски, кој ја заврши Телеком талент програмата и сега работи како Intermediate Testing Engineer во Телеком дивизијата во Сеавус. Бојан го споделува со нас стекнатото знаење преку програмата, и сегашното искуство работејќи во Телеком дивизијата на Сеавус. За работното место вели дека е секогаш забавно и возбудливо.

- Advertisement -

Опиши нѝ еден типичен ден на работа.

О: Мојот работен ден обично започнува во 9 часот наутро, со шолја кафе и добро расположение. Во текот на денот имаме неколку состаноци на кои разгледуваме различни стратегии за тестирање и наоѓаме начини како да ја зголемиме нашата ефикасност и да дојдеме до најдобри и најбрзи решенија. Мојата работа претежно се состои од пишување тест случаи, извршување тест сценарија и проверка на резултатите.

- Advertisement -

Кое е твоето најдобро искуство во Сеавус досега?

Тешко е да се избере едно. Сите проекти на кои имам работено во последниве три години во Сеавус носеа нови искуства и со секој од нив ги проширував своите технички знаења. Така, на пример, на еден од овие проекти го тестиравме системот и ја разгледувавме интеракцијата на front-end делот. Во моментов, работам на API, т.е. на позадинскиот дел. Доколку морам да издвојам едно најдобро искуство, сепак би го избрал проектот на кој моментално работам бидејќи ми овозможува секојдневно да ги надградувам своите вештини, а учењето нови работи е секогаш забавно и возбудливо.

- Advertisement -

Кој дел од работата во Сеавус ти е највозбудлив?

Отсекогаш сум сакал да работам за компанија што ќе го поддржува мојот професионален раст, па една од највозбудливите работи во Сеавус е што компанијата им нуди најразлични курсеви на своите вработени. Друга работа што навистина ја ценам е начинот на кој Сеавус се грижи за нашето физичко и психичко здравје, што беше особено видливо за време на Ковид пандемијата, кога покажаа разбирање и грижа за здравствената заштита на вработените. И за целото време додека работевме од дома, успеаа да ја задржат нашата мотивираност. Добивавме пакети подароци како внимание, се организираа дружби со колегите, итн.


Што најмногу те мотивира во Сеавус?

Можностите за учење и моите колеги. Сеавус нуди различни интерни курсеви од кои може многу да се научи. Додека учевме за ISTQB сертификатот, со моите колеги организиравме и интерни групи на кои си помагавме и меѓусебно се поддржувавме. Во Сеавус можете многу да научите и од бројните искусни колеги кои секогаш со задоволство ќе ви помагаат во решавањето на секојдневните предизвици и ќе ве научат на нови вештини. 


Зошто би ја препорачал Телеком талент програмата?

За мене лично, аплицирањето на Телеком талент програмата беше една од најдобрите кариерни одлуки што сум ги донел досега. Предавачите беа исклучително професионални и услужливи секојпат кога ќе наидевме на потешкотии во материјалот. За еден месец, колку што трае Телеком талент програмата, ќе научите сè што треба да знаете за Linux, потоа како да работите со бази на податоци, како да пишувате тест случаи, да пријавувате дефекти и слично.  

Кој е твојот најдобар совет за студентите кои се на почеток од својата кариера?

Малите можности се често почеток на големи достигнувања. Затоа бидете отворени и искористете ги. 

Повеќе информации и можност за аплицирање за Телеком Талент програмата на линкот – Telecom Platform Talent Program (seavus.com)

Сподели!
- Advertisement -