Европската комисија предложи нов правилник кој ќе овозможи полесно тужење на вештачка интелигенција за нанесена штета

- Advertisement -

Европската комисија предложи нови правила за помош на луѓето чии права се нарушени од производи кои користат вештачка интелигенција и дигитални уреди од типот на дронови. Идејата е директивата за одговорност на вештачката интелигенција да го намали товарот на докажување за луѓето кои поднесуваат тужба.

Европратеникот за правосудство, Дидие Рајндерс, изјави дека тоа ќе создаде правна рамка која ќе одговара на дигиталната доба во која живееме. Беспилотните автомобилим гласовните асистенти и пребарувачите може да потпаднат под новата европска директива.

- Advertisement -

Ако бидат усвоени, новите правила на Комисијата ќе можат да се применуваат заедно со предложениот ЕУ закон за вештачка интелигенција. Тоа е првиот закон од тој тип кој поставува ограничувања на тоа како и каде може да се користат системите за вештачка интелигенција. Системите за вештачка интелигенција се тренираат на големи количини податоци или инфромации за да им овозможат извршување на задачите.

Предлог-правилникот за одговорност на вештачката интелигенција, кој Европската комисија го достави рачно пред два дена, а се однесува на оние луѓе кои тврдат дека нивните повреди се предизвикани од производи со вештачка интелигенција. Со други зборови, жртвите на инцидентите во кои се вмешани таквите уреди нема да мора да ги решаваат комплицирани AI систреми за да го докажат својот случај, се додека може да се докаже причинско-последичната врска меѓу производите со AI и настанатата штета.

- Advertisement -

Целта на ЕУ со новиот правилник е да не се повтори сценариото кое го имаа со компании за социјални медиуми, односно бегање од одговорноста, затоа што се само платформи, а не креатори на содржини, како и со компании кои произведуваат беспилотни летала. На пример, компаниите кои произведуваат беспилотни летала би можеле да се оградат ако нивните дронови предизвикуваат штета, само затоа што самата компанија не стои директно зад контролорите.

Но, прашањето е дало е тоа остро кон лреативно нова индустрија? Ако, на пример, автомобил се судри поради механиката во возилото, за тоа е виновен производителот, а не самиот возач. Ако се усвои нацрт-предлогот, со неизвеснот ќе го очекуваме првиот случај кој ќе потпадне под новата директива.

- Advertisement -

(BBC News)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -