Нов пејсмејкер може да спречи проблеми со срцето така што ги слуша белите дробови

- Advertisement -

Пејсмејкерите се медицински уреди кои го спасуваат животот и се користат за контрола и коригирање на разни форми на нерегуларно срцебиење. Малите уреди се вградуваат во градниот кош и го одржуваат срцевиот ритам нормален, но начинот на кој го регулираат срцевиот ритам е многу поинаков отколку природното биење на срцето.

Научниците сега планираат да тестираат нов уред кој многу попрецизно ќе го имитира природниот интервал меѓу биењето, а после експериментите направени врз животни, револуционерниот пејсмејкер се очекува да биде тестиран на луѓе годинава во Нов Зеланд.

- Advertisement -

Тим истражувачи предводен од Јулијан Патон од Универзитетот Оукленд развија бионички пејсмејкер наречен Cysoni, уред кој реагира на сигналите од телото во реално време. Овој уред ќе го следи дишењето и ќе го менува срцевиот ритам според дишењето наместо да бие со константен ритам.

„Ако ги аналзиирате фреквенциите на срцевиот ритам, ќе видите дека срцевиот ритам се усогласува со дишењето. Се забрзува кога вдишувате, а забавува кога издишувате и тоа е природен феномен кај сите животни и кај луѓето. Зборуваме за најстарите животни кои постоеле на Земјата пред 430 милиони години“ објаснува Патон.

- Advertisement -

Инспирирани од тоа, истражувачи пред 20 години почнале да ја анализираат можноста за развој на нов тип на пејсмејкер за луѓе со срцеваа маана. Тоа е состојба во која срцето не може да испумпа доволно крв за да ги задоволи потребите на телото и се карактеризира со губење на природниот срцев ритам и не може да се реши со постојните пејсмејкери.

Новиот бионички пејсмејкер треба да го врати природниот срцев ритам со мониторинг на белите дробови и детектирање на електричните сигнали генерирани во телото додека дишеме. Според студијата, тогаш ќе користи прецизно темпирани импулси за да се забрза или да се забави срцевиот ритам по потреба. Нивната студија е објавена во списанието Basic Research in Cardiology.

- Advertisement -

Тестовите направени на глувци биле позитивни, па истражувачите се префриле на овци и сега веруваат дека откриле нов начин за враќање на нормалниот срцев ритам, што е многу понапред отколку што стигнала модерната медицина досега.

Наредниот чекор ќе биде тестирање на луѓе и научнциите веќе избираат пациенти за студијата, што ќе почне подоцна годинава во Нов Зеланд.

(Interesting Engineering)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -