Пекарниците во Белгија ги затвораат вратите поради енергетската криза

- Advertisement -

Се повисоките сметки за струја и за природен гас во Белгија ги принудија пекарниците да г затворат своите врати затоа што повеќе не можат да си дозволат да ги плаќаат сметките.

Како сектор кој троши доста енергија, пекарниците мора да ги чуваат пеките запалени подолг период без прекин, а тоа значи многу високи сметки за струја и за гас. Цените на природниот гас неодамна се зголемија осумкратно во Белгија, а цените на брашното и на маслото за готвење се дуплираа.

- Advertisement -

Некои од белгиските пекарници постојат со децении, но решиле да затворат затоа што во септември годинава имаат 10 пати повисоки сметки во споредба со почетокот на 2021 година.

Освен што не можат да го издржат товарот на високите цени моментално, сопствениците на пекарниците велат дека ако продолжат овие услови, нема да можат да отворат во текот на наредните 2-3 години.

- Advertisement -

(Anadolu Agency)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -