Мате Римац најавува дека Загреб меѓу првите во светот ќе воведе роботизирани такси возила!

- Advertisement -

Во Project 3 Mobility доаѓа Граф вон Фели од позицијата генерален директор на Лимеа, најголемата светска компанија за споделување на електрични возила.

Project 3 Mobility, хрватски стартап кој развива нив систем за мобилност, продолжува да го јакне менаџерскиот тим со доаѓањето на овој Германец со светско искуство. Освен за Лимеа тој работел и на развој на Убер во Обединетото кралство и Германија како и на развој на Uber Eatsa во Австрија, платформа за достава на храна.

- Advertisement -

“Со оглед на тоа дека индустријата за мобилност се врти кон автономно возење сигурен сум дека Project 3 Mobility со својот иновативен пристап ќе го промени начинот на користење на превозот каков што го знаеме денес“, вели вон Фели кој ќе биде задолжен за развој и позиционирање на услугата, као и координација за воспосатвување на инфраструктурата во Хрватска и во светот.

Project 3 Mobility е стартап зад кој стојат Мате Римац, Rimac Aвтомобили, Infinum и Киа. Нивниот проект за роботизирано такси може во целост да го промени начинот на функционирање и користење на превозот во урбани средини, а најавија дека Загред ќе биде меѓу првите градови во светот којј до крајот на 2024 година ќе добие роботизирани такси.

- Advertisement -

Во моментов се вработуваат експерти и најавуваат околлу 300 вработени до крајот на годината. Паралелно се разботи на развој на автономно елетрично возило, специјализирана инфраструктура и платформа за управување со услугата.

Сподели!
- Advertisement -