Започнува со работа нова фотоволтаична електро централа со инсталирана моќност од 8 мегавати

- Advertisement -

Почна со производство нова фотоволтаична електро централа со инсталирана моќност од 8 мегавати, во близина на Кочани. Електраната е во сопственост на групацијата Централ Инвест, а е целосно проектирана и изведена од фирмите во рамките на Феро Инвест, кои стојат зад пружањето техничка поддршка на многу проекти од обновливи извори кои во овој период засилено се градат во земјава.

Почетокот на производството на електраната доаѓа во време кога секој киловат електрична енергија е добредојден, особено за стопанството и за големите индустриски потрошувачи, кои се снабдуваат со струја на слободниот пазар и пред се преку берзите од странство. Таму цените во изминатите месеци постигнуваа цени се до 1000 евра за мегаватчас, а сите големи потрошувачи бараат поевтина струја, или од ЕСМ или од приватни производители, затоа што цената на домашната струја е далеку пониска од увезената.

- Advertisement -

Од Централ Инвест велат дека ќе помогнат барем на дел од стопанството и дека добро е да се знае дека и приватниот енергетски сектор помага во кризата.

,,Им овозможуваме на компаниите зелена енергија и енергија по цени кои се далеку под просечните берзански цени, со што покажуваме и општествена одговорност и грижа кон одржливоста на економијата. Оваа инвестиција е одличен показател дека нашата компанија инвестира во одржливоста на електро-енергетскиот систем, ефективно и ефикасно снабдување со електрична енергија на домашното стопанство, но и за заштита на животната средина преку искористување на природните ресурси.”- Крсте Илијески-менаџер на проектот ФЕЦ Централ Инвест во с. Тркање во Кочани.

Сподели!
- Advertisement -