Француската влада претстави национален план за штедење во текот на зимата за да спречи прекин на струја, а на граѓаните им најави и секојдневни прогнози за снабдување со струја.
Францускиот план вклучува и мерки што ги воведоа и други земји, како што се штедење на јавното осветлување, греење на пониска температура, и намалување на потрошувачката на топла вода во државните институции. .
Но, Париз воведе и уште една новина за да ги наговори граѓаните да ја намалат потрошувачката – прогноза за снабдување со струја.
Граѓаните секој ден после временската прогноза и помеѓу телевизиските емисии треба да добиваат информации за оптеретувањето на електричната мрежа, проследено со зелени, жолти и црвени симболи, кои ќе покажуваат колку струја е достапна.
Зелениот симбол ќе значи дека потрошувачката на струја е во рамнотежа, жолтиот дека е отежнато снабдувањето, а црвениот ќе предупредува на кожен прекин во снабдувањето и на граѓаните ќе им порачува да ја намалат потрошувачката од 8 до 12 часот, како и од 18 до 20 часот.
(021)