Singular го прослави отварањето на новите канцеларии во Скопје

- Advertisement -

Интернационалната IT компанија Singular официјално ги отвори вратите од новите модерни канцеларии во Скопје. Отварањето беше одбележано со голема прослава на која тимот, менаџментот и поканети гости заедно наздравија за релокацијата на канцелариите и почетокот на ова значајно поглавје за компанијата. 

Отварањето на новите канцеларии се случува една година откако Singular стана Flutter Entertainment, глобален бизнис што работи со напредни технологии и управува со дел од светски најиновативните, разновидните и препознатливи брендови за спортско обложување и игри. Новиот канцелариски простор, со својот модерен изглед и ентериер што поттикнува тимска работа и дружење, се очекува дополнително да го сплоти тимот од Скопје при соработката со останатите колеги од групацијата Flutter и заедно да ја постават основата за идниот раст на компанијата.

- Advertisement -

Дарко Гацов, ко-основач и главен оперативен директор на Singular истакнува: „Тоа што ги „пораснавме“ старите канцеларии е плоден исход на нашата успешна работа и силен тимски дух низ годините. Среќни сме што сега дополнително ќе ги зацврстиме нашите долгорочни амбиции како бренд на Flutter и ќе ја продолжиме нашата посветеност кон иновација и извонредни резултати – сето ова директно од нашата нова девелопмент база. Ова е местото каде што заедно ќе оствариме многу сериозни цели во текот на наредните години.“ 

Континуираниот успех и растот на тимот претставуваа одлична прилика и причина за Singular да започне со работа во нов канцелариски простор кој не само што ќе ги исполни барањата и потребите на вработените, туку ќе охрабри поголема тимска соработка и дружење, имајќи предвид дека ова поле беше најмногу засегнато за време на пандемијата. Компаниската култура на Singular става огромен акцент на тимот и неговата добросостојба, па со тоа градењето на нова девелопмент база која што ќе нуди извонредно работно искуство беше од огромно значење. 

- Advertisement -

Канцелариите се лоцирани во нова зграда од три спрата каде што вработените може да работат според концептот “океан“, што им овозможува зголемена тимска работа и размена на знаење. Секој детаљ од канцеларијата е внимателно избран, со цел ентериерот целосно да се вклопи со духот на Singular и компаниската култура. Канцелариите го нудат совршениот баланс помеѓу работа и забава, па така вработените може лесно да преминат од работните простории во собите за забава и релаксација. Но, она што ги прави новите канцеларии особено привлечни е кафулето на кровот од зградата, кое што нуди одличен поглед за вработените.

„Навистина сме радосни што започнуваме со работа од нови канцеларии каде што вработените ја имаат флексибилноста и сите ресурси што им се потребни, но истовремено и да работат во модерен простор што поттикнува продуктивност, тимска работа и забава. Вработените се клучни за нашиот успех и сакаме да се чувствуваат извонредно од секој аспект. Нашите луѓе и културата отсекогаш биле главен приоритет на Singular и новите канцеларии се доказ за тоа.“ вели Елена Инадеска-Аврамовска, HR менаџер на тимот во Скопје. 

- Advertisement -

Singular е наградувана IT компанија со главни канцеларии во Малта и две девелопмент бази во Грузија и Северна Македонија. Компанијата бележи огромен раст и успех уште од почетокот на работењето, благодарение на што тимот постојано се зголемува и денес има 160+ вработени низ сите три канцеларии. Во 2021, Singular стана дел од Flutter Entertainment. Аквизaцијата дополнително ги зацврсти вредностите што Singular длабоко ги негува како дел од својата култура: размената на идеи и знаење помеѓу брендови, тимови, колеги. 

За повеќе информации за Singular и отворени работни позиции, посетете ја: culture.singular.uk

Сподели!
- Advertisement -