Српски „Ананас“ и официјално ги превзеде македонските онлајн платформи Grouper и Paopao

- Advertisement -

Еден од основачите и поранешна директорка на Grouper, Нина Ангеловска, којашто беше и министер за финансии во една од скорешните македонски влади, ќе биде директорка за меѓународен развој во Ananas, сега веќе нов сопственик на Grouper.

Ananas e-commerce, платформа за онлајн купување со седиште во Србија, купи 100% сопственост во македонската компанија Vebspot од Payten. На овој начин Ananas стана сопственик на брендовите за онлајн шопинг Grouper.mk и Paopao.mk.

- Advertisement -

Намерата за купување на овие македонски брендови беше објавена  во средината на септември.

На македонскиот пазар, Grouper.mk е познат по бизнисот со продажба на ваучери за т.н. групни попусти, додека неодамна отворената веб-страница Paopao.mk е пазар за онлајн купување на производи. Аквизицијата  на Grouper, како водечки играч во е-трговијата на македонскиот пазар со речиси 300.000 корисници и 3.000 трговци, го претставува првиот чекор на Ananas кон регионалното проширување. Оваа аквизиција ќе му овозможи на Ananas брзо да навлезе на македонскиот пазар со воведувањето на новите концепти и новитети .

- Advertisement -

Инаку, Grouper лани во февруари  стана дел од полската групација Asseco SEE, односно нејзината компанија ќерка Payten. Еден од основачите и поранешна директорка на Grouper, Нина Ангеловска, којашто беше и министер за финансии во една од поранешните македонски влади, ќе биде директорка за меѓународен развој во Ananas, сега веќе нов сопственик на Grouper.

Marketplace Ananas е дел од корпорацијата Delta Holding со седиште во Белград. Првата трансакција  на оваа страница се случи во летото 2021 година, а денес Ananas на своите клиенти им нуди повеќе од 150.000 различни производи преку разгранета мрежа од над 200 партнери. За помалку од една година, Ananas.rs го посетија повеќе од милион клиенти. Со лансирањето на Ananas, компанијата Delta Holding ја објави својата амбиција да создаде регионален гигант во онлајн купувањето и подготвеноста да инвестира околу 100 милиони евра во овој проект во првите пет години.

- Advertisement -

„Пазарот во Македонија, клиентите, но и онлајн продавачите, со оваа аквизиција добиваат сигурен, лојален и долгорочен партнер, подготвен да инвестира во развојот на овој бизнис, но и во развојот на целата е-трговија во Македонија. Имаме план да го понудиме најголемиот пазар во оваа земја со широк асортиман на производи, сигурна и брза испорака, сигурно плаќање и многу иновативни решенија кои сега ги знаеме само на поразвиените пазари“, изјави Марко Царевиќ, извршен директор на Ананас за српскиот портал Bonitet.com.

На почетокот на нивниот бизнис, Ananas најави дека српскиот пазар е само почетна точка и дека амбицијата на акционерите и самата компанија е овој пазар да се појави на пазарите во регионот на Западен Балкан.

„Со репутацијата и силата на Делта Холдинг зад нас, но и со иновативниот бизнис модел што го донесе не само Ананас туку и неговите глобални партнери како што се Бостон Консалтинг Груп, ХТЕЦ и други, уверени сме дека ќе донесеме ново шопинг искуство на клиентите од целиот регион, а на продавачите доверливи партнери и место каде што можат да ги реализираат најамбициозните бизнис планови“, вели Марко Царевиќ.

Сподели!
- Advertisement -