Хонгконг дели бесплатни авиобилети за да го оживее туризмот

- Advertisement -


Хонгконг вели дека ќе подари 500.000 авиобилети во вредност од 254,8 милиони долари во обид да го поттикне туризмот после пандемијата на корона вирусот.

Градот последните недели укина некои од своите правила за вирусот, меѓутоа големите авиокомпании се борат да ги вратат своите распореди на летови на нивото пред пандемијата, а некои како британската Virgin Atlantic престануваат со работа во Хонг конг поради проблеми со летовите додека уште трае војната во Украина.

- Advertisement -

Аеродромските власти ќе ги финализираат аранжманите со авиокомпаниите. Кога владата ќе објави дека ги укинува сите ограничувања поради корона вирусот за патниците кои доаѓаат во земјата, ќе стартуваат рекламни кампањи за бесплатни авиобилети.

Властите објаснија дека бесплатните билети, кои се купени за поддршка на авиокомпаниите од Хонгконг во текот на пандемијата, идната година градските аеродромски власти ќе ги дистрибуираат на патници кои доаѓаат или си заминуваат од Хонгконг.

- Advertisement -

До неодамна Хонгконг имаше некои од најстрогите правила во светот бидејќи ја следеше нивната политика за нулта Ковид. Минатиот месец владата на Хонгконг изјави дека повеќе нема да бара од луѓето кои доаѓаат во градот да одат во хотелски карантин или да покажат негативен тест.

Сега три дена после пристигнувањето патниците мора да се надгледуваат поради можни инфекции. Тоа предизвика навала за авионски билети за и од Хонгконг.

- Advertisement -

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -