SpaceX и НАСА минатата недела лансираа капсула до Меѓународната вселенска станица, а во неа се и првата Индијанка која отпатувала во вселената и првата Русинка која ќе се приклучи на мисијата на SpaceX.
Во мисијата има тројца астронаути и еден космонаут, а сите доаѓаат од различни делови на светот. Четворицата членови на екипажот се Индијанката Никол Ман и Џос Касада од НАСА, астронаутот Коичи Ваката од Јапонската егнција за истражување на вселената и космонауткињата Ана Кикина од Роскосмос.
Оваа мисија е шеста по ред заедничка мисија на НАСА и SpaceX до Меѓународната вселенска станица. Овој лет во вселената претставува историски момент затоа што Ман е не само првата Индијанка која отпатувала во вселената, туку и главен командант на оваа мисија. Со тоа таа стана и првата жена која имала таква улога во мисија на SpaceX.
Во историјата ќе влезе и Кинина, првата државјанка на Русија која ќе се приклучи на мисијата на SpaceX во рамките на договорот на Роскосмос и НАСА од јули годинава. Нејзиното учество во мисијата е доказ дека безс оглед на тензиите поради руската инвазија врз Украина, продолжува повеќедецениското партнерство на САД и Русија во вселената.
(N1)
(фото: SpaceX)