XPeng X2, електричното летачко такси возило кој го разви компанијата XPeng од Гуангжу, беше тестирано во Дубаи, ОАЕ, на 10 октомври. Демонстрацијата ан возилото се одржа без човек во кабината, но од компанијата велат дека во јули минатата година направиле тест со патници.
Кинеската компанија го тестираше електричното такси пред јавноста и и овозможи да посведочи на футуристичката технологија која еден ден ќе се користи во градовите низ целиот свет.
XPeng X2 е само еден од десетината проекти за летачки автомобили кои се развиваат во целиот свет. Само неколку од нив досега беа успешно тестирани со патници и веројатно ќе помине доста време додека влезат во комерцијална примена.
Елегантно дизајнираното возило може да превезува двајца патници и има осум пропелери. Од компанијата велат дека максималната брзина на возилото е 130 км на час. За разлика од авионите и хеликоптерите, електричните летачки возила со вертикално полетување и слетување, во принцип, ќе го олеснат патувањето од точка до точка.
(Washington Post)
(фото: YouTube)