Со цел еден ден да можат да икм помгонат на луѓето со намалена мобилност, научници од Универзитетот Стенфорд работеа на егзоскелет дизајниран да го олесни одењето. Тие неодмна го претставија својот порв прототип наменет за користење надвор од лабораторија, кој може да понуди различно ниво на помш во одењето и ви го олеснува чекорењето како сте полесни за 13 кг.
Во истражувањето кое го обајвиле минатата година тимот прикажал верзија која го забрзува одот на корисникот за околу 40%, додека трчањето го забрзува за 10%. Таа верзија била емулатор, што значи дека морале да се користат во лабораторија ибиле поврзани со еден куп жици, ленти за трчање и надворешни мотори.
Тие емулатори им помогнале во истражувањето и развојот и довеле до висок степен на индивидуализација за корисникот, но имаат очигледни ограничувања која е во прашање вистинскиот потенцијал на егзоскелетите, така што тимот цело време работел на развој на целосно автономен егзоскелет.
Новиот егзоскелет е моторизирана чизма која применува вртежен момент на глуждовите, притоа вршејќи дел од функциите на мускулите на потколеницата и му помага на корисникот да се оттурне при секој чекор. Евтините преносни сензори се поставени во чизмата и користат алгоритми за машинско учење за да ја прилагодат помошта на начинот на одење на корисникот.
Тимот вели дека е потребно околу еден час одење за егзоскелетот да се навикне на корисникот, и обратно, но кога ќе се случи тоа, нуди заштеда на енергија и ја зголемува брзината исто како да сте намалиле 13 кг тежина.
Истражувањетѕо е објавено во списанието Nature.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)